Гаја Смилевска со нов македонски стрип

Гаја Смилевска е млад многу талентиран уметник кој има посебна љубов кон стрипот и наскоро ќе излезе нејзиниот прв печатен наслов „Скрши што судбината гради“ во издание на флип букс.

Нејзината љубов кон стрипот започнува од детството и првиот стрип кој го засакала е Calvin & Hobbes, подоцна почнала да чита некои други класици како Дилан Дог.

Од кога започна да црташ стрипови и од кај црпиш инспирација?

Не цртам стрипови толку долго, но со илустрација почнав од некои 13 години, секако со текот на времето се подобрував и барав насока во уметност што најмногу ми годи. Мислам дека сеуште ја немам најдено но на добар пат сум.

Најмногу инспирација црпам од серии и филмови кои што ги гледам, историски драми и така натаму, како и мали моменти од секојдневен живот.

Дали читаш манга и дали имаш влијание од тој стил?

Манга одамна немам читано, но како рано влијание ми беа shoujo мангите на легенди како Кеико Такемија, Ријоко Икеда, и уште неколку од year 24 групата на уметници. Било какви приказни кои се бават со род/сексуалност на ликовите и взаемното дејство кое го имаат врз нивниот приватен и социјален живот.

Имаш веќе два други стрипа, каде може заинтересираните да ги погледнат онлајн?

Тој што доби второ место на Лифт #4 со наслов „Dear Father“ е целиот достапен за да го видат луѓе на инста профилот, инспирација беше кратка идеја за приказна која ја имав во 2015, па конечно добив шанса некако да ја адаптирам во краток формат. Онлајн стрипот што го правев пред некоја година исто така ми беше голем чекор напред, чисто за својата самодоверба како уметник, иако истиот е сега за сега недовршен.

Дали може да ни откриеш нешто повеќе за најновиот стрип и кога ќе може да се набави?

Новиот стрип е сосема различен од работите кои ги имам правено претходно, а ќе биде достапен рано следна година.

Стрипот е историска фикција, приказната се одвива во 13ти век во овој предел после долга војна. Тематски се поврзува со искуството на многу млади луѓе кои си заминуваат од дома и комплицираната врска со родното место и луѓето во него. Покрај фактот што ситуацијата на ликовите е подраматична од било што што ние го доживуваме ден денес, се надевам дека може некој