„Замисли“ - песна инспирирана од кинцуги на Ана Стојаноска

Денес ја претставуваме песната на Ана Стојаноска инспирирана од јапонскиот концепт кинцуги. Кинцуги е поправање и лепење на скршена керамика со помош на злато со што поправениот сад добива поголема вредност и уникатност.

Ана Стојаноска e театролог, писателка, редовна професорка на ФДУ – Скопје (предава на сите три степени, група предмети поврзани со теоријата и историјата на македонската и светската драма и театар). Раководителка на третиот циклус докторски студии на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Уметнички директор и Претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од септември 2022г.

Кај Ана интересот кон јапонската култура и книжевност се појавил уште во студентските денови на компаративна книжевност. Подоцна како професор по историја на светскиот театар истражувала повеќе и за јапонскиот Но и Кабуки тетар.

Пишува постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови.