За медиуми

Сакура Фестивал

Единствениот фестивал за јапонска култура во земјава го најави своето трето издание

Јапанетмк, единствената организација која се занимава со промовирање на јапонска кутура во земјава го објави датумот и местото на годинешниот фестивал за јапонска култура (трет по ред) со ново име Сакура фестивал.

Овој фестивал воедно ќе го обележи и јубилејот на 30 годишнината од воспоставувањето на јапонско-македонските дипломатски односи на 1 јуни во МКЦ.

Во нивните објави најавуваат тема која ќе се занимава со природата и одржливоста, односно како да научиме од таа далечна источна култура да ја почитуваме и да живееме во склад со природата градејќи си подобра иднина. 

Од Јапан@мк ни одговорија дека промената на името на фестивалот од „Нихон џи“ во „Сакура“ е поради тоа што сакаат симболично да ја раскажат нивната приказна за непостојаноста на убавината, која треба да ја доживуваме и негуваме кога се случува околу нас. Црешовиот цвет Сакура е важен јапонски симбол и е момент кој ги повикува луѓето да застанат и да го доживеат моментот восхитувајќи се на она што е минливо. 

На тој начин Сакура фестивалот се обидува да ги претстави пред нашата публика креативните и квалитетни луѓе од нашата земја во еден простор со заедничка инспирација од една далечна источна земја, повикувајќи кон општествена одговорност и негување на вредности како солидарност, соработка и себеунапредување.

Слоганот за оваа година е „Расцути ја иднината“ фрлајќи светло на нашата лична одговорност и ангажираност за тоа каква иднина ќе доживееме како како заедница.

Од Јапан@мк најавуваат многу богата програма опфаќајќи уметнички изложби, настапи и перформанси, панел дискусии, мода, презентации, боречки вештини, гејминг и многу забава. Секако ќе може да се проба и јапонска храна и да се набават сувенири.

Фестивалот оваа година ќе се одвива во Младинскиот Културен Центар на 1 Јуни

Деталната програма и учесниците ќе се најавуваат постепено.