Сакура

Александра Петрушевска Ристовска

Родена во Скопје 1981 година. Ликовен уметник која работи како професор на факултетот за уметност и дизајн на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, по предметите сликарство, фотографија и дигитална уметност. Во својата визуелна практика се движи низ комплексноста на современото постоење, разоткривајќи сложени слоеви на визуелниот дискурс преку традиционални и интердисциплинарни медиуми, како и симболиката на бојата и формата.

На фестивалот ќе се претстави со: Дигитална илустрација со сегмент од Токио преку неколку колоритни прикази од посетата на Кјото и Токио минатата година.

Што те инспирира од јапонската култура?

Дисциплината, константноста, посветеноста, духот за иновација, меѓусебниот однос и почит, спојот на традицијата и современиот технолошки напредок.

За делата

1. Наслов: Цреши/ Сакура

Во јапонската духовност и културната историја, црешите - особено нивните цветови познати како "сакура" - имаат длабоко културно значење. Заедно со идеите за естетска убавина, тие исто така создаваат слики за плодност, преродба и минливост.

2. Токио

Инспирирано од јапонскиот урбанизам во кој примарно место има природата и градините, градот понекогаш изгледа како придружба на природата. Современите градови, како поставки каде природата и технологијата коегзистираат мирно, се пример за успехот на постигната рамнотежа помеѓу непроменливата природа и човечкиот развој.