Сакура

Ирена Паскали

Ирена Паскали живее и работи во Келн, Германија. Дипломирала на Ликовна академија во Скопје, а магистрирала на Академијата за медијални уметности во Келн, Германија. Таа има реализирано бројни самостојни изложби и учество во бројни групни изложби од интернационален карактер. Добитничка е на интернационални резиденции и стипендии како и мноштво награди (во Јужна Кореа, Германија, Албанија,). Работи во повеќе уметнички медиуми, како видео, фотографија, цртеж и експериментален филм.

На фестивалот ќе се претстави со видео, фотографии и цртежи на јапонска хартија.

Што те инспирира од јапонската култура?

Најмногу ме воодушевува поврзаноста на традицијата (традиционалните методи во било која друга област како архитектура, мода, музика) со најновите технологии и достигнувања како во архитектурата, модата и дигиталната уметност. Голема инспирација ми е исто нивната работливост, издржливост, посветеност, почит кон други, точност и прецизност.