Сакура

Ертунч Сали

На фестивалот ќе се претстави со изложба на графики.

По завршувањето на својата високошколска едукација на ФЛУ во Скопје како графичар и графички дизајнер, тој продолжува да е активен на културната сцена како организатор на настани, сликар, дизајнер и еден период како музичар. Сали своето делување го продолжува во Скопје со екпериментирање на различни штампачки техники меѓу кои се кујнска алуграфија, гелопринт, сито печат, линорез, итн.

Што те инспирира од јапонската култура?

Најчесто аниме цртаните!
Но мангата не можам да ја заборавам. Креативноста и естетиката изразено преку манга е повлијателна и инспиративна од аниме цртаните, кои најчесто ги гледам како "џвакан и сервиран материјал".
Додека читам ми останува доволно време да ја анализирам и звуци да измислувам. Секако како графичар нема шанси да испаднам сликар и да ја отскокнам најдоброто од јапонската култура, а тоа се дрворезите. Аххх тие дрворези и тоа мајсторство, па и лиричност во целото творештво. Не можам да ја кријам восхитеноста од таа култура.