Сакура

Тања Вукобрат

Тања Вукобрат родена во Скопје и е дипломиран графички дизајнер на факултетот за Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет. Работи како фриленс илустраторка 10 години, најчесто изработува детски илустрации и корици на книги. Има остварено соработка со издавачките куќи „Просветно Дело“, „Чудна Шума“, „Или-или“,  „Македоника Литера“ и „Арс Ламина“.

На фестивалот ќе се претстави со дигтално цртање на манга ликови во живо.

Што те инспирира од јапонската култура?

Иако јапонската култура како целина е инспиративна, како моја најголема инспирација би ги издвоила аниме сериите и филмовите,
oсобено филмовите на студиото Гибли. Како големо влијание би ги спомнала и артистите Јошитака Амано и Јоџи Шинкава.