Сакура
Стефан Анчевски
Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои седум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Добитник на повеќе награди и признанија.
На фестивалот ќе се претстави со дигитални графички принтови, рачно исцртани со дигитални интервенции работени во период 2022-2023.
Што ве инспитира од јапонската култура?
И ние и Јапонија сме земји на сонцето. Ме инспирира нивната култура, цртање, традиционалната графика, манги, аниме серијали...
За Делата
Заковањето на шалтер со број во рака е најактуелниот облик на нумерирање луѓе во современото општество.
Почетна точка на ова уметничко дело е нумерирањето и чекањето на шалтер. Авторот ја развива идејата да го анализира човекот како број преку различните нумерации со кои се среќаваме во животот. Бирократијата, шалтерите, банките, процесот на аплицирање се некои од појдовните точки на ова дело на Стефан Анчевски.
Во Јапонија бирократијата е ставена на ниво на божество, човекот се одредува, т.е. дефинира по случајност на броеви... се претвара во број или бројотv станува „човек“;. Бројот на луѓе се намалува, наталитетот опаѓа и човекот не е ништо повеќе од бројка. Користејќи различни нумерички симболи и инспириран од јапонското писмо, авторот гради апстрактни композиции кои се обидуваат да го
прикажат слоевитоста на бирократските обврски со кои се соочуваат луѓето во модерниот свет.