Сакура

Die-cast club Куманово

Die-cast club Куманово e колекционерски клуб на автичики (колички во мал размер 1/64), кој досега има реализирано 2 колекционерски дружби и многу групни излагања. Основан е од Аце Дејановски ака Хамато Јоши во 2017.

На фестивалот ќе се представат со колекционерска изложба.

Што ве инспитира од јапонската култура?

Јапонија е мала островска држава, која поради ограничениот простор за живеење минимализмот го имаат доведено до совршенство. Перфекционизам на мал простор исполнет со неверојатни детали. Die cast моделите на автомобили кои ги собирам се со должина во просек од 7cm. Таа префинетост на толку мали нешта да им дадете живот и да личат како оние вистинските, е тоа е тоа што ме воодушевува.