Сакура
Андреј Митевски
Андреј Митевски е врвен скулптор, роден во Скопје, 1976-година, а завршил студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје како најдобар студент, каде подоцна и магистрирал.
,,Мојата определба да имам професија која за цел има создавање, креирање или пак осознавање на животот преку форма се случи во средното уметничко училиште. Таму почнаа да ми се откриваат тајните на занаетот и љубовта да расте.”
Што ве инспитира од јапонската култура?
,,Моето патување во Јапонија во 2006та година ми остави силен впечаток и запознавање на јапонската култура и нивниот однос кон природата кој е уникатен. Тоа ме инсpирираше да создадам скулптури кои на еден свој начин раскажуваат приказна за тоа доживување.
Затоа моите дела имаат една нитка на прецизност и естетика која ја видов во Јапонија. Мојот престој во Насуногохара скулпторскиот симпозиум беше едно уникатно искуство на кое се навраќам често.”
За делата
Првото дело се вика конекции или поточно врски. Станува збор за една откриеност или видливо на една динамика на релации каде се со сешто е поврзано.
Второто дело наречено still life. Каде е прикажана една моја интимна средба на три листови кои навидум случајно играа еден танц во вода. Тоа е моето сеќање на една есен и на едни посебни листи.
Третото дело е уште еден приказ на листови во вода, во која самите литови формираат една арабеска на бранови кои се пресекуваат и формираат комплицирани форми и патерни. Но се секогаш во тој момент во тој миг. Јас сум набљудувач и забалеживач на природата во својата постојаност на живот и движење.