Сакура

Ивана Ангелова

Ивана Ангелова е архитект која докторирала на Универзитетот Меиџи во Токио на темата на зелените и сините линеарни јавни простори каде што работела и како асистент. Меѓународните професионални и академски искуства ги има стекнато во Јапонија, Еквадор, Германија, Холандија, Шпанија и во Македонија.

Ивана на фестивалот ќе го претстави урбанизмот во Токио. Таа ќе даде историски осврт за Едо (старо Токио) објаснувајќи како трансформација на градот низ годините придонела до она што го гледаме денес како современо Токио. Фокусот ќе биде на одржливиот град и јавните простори како и јапонските граѓанските иницијативи за заштита на истите.

Што те инспирира од јапонската култура?

Дисциплината и скромноста на јапонскиот народ. Истотака и wabi-sabi естетиката која ја потенцира несовршеноста и минливоста на нештата.