Сакура

Дуња Иванова

Дуња Иванова е концертен пијанист, доктор на науки по филозофија, наставник, автор, национален првак во велосипедизам, активист и мајка на две момчиња.

На фестивалот ќе се претстави со концерт за соло пијано посветен на музиката на култниот Јапонски композитор Руичи Сакамото.

Што ве инспирира од јапонската култура?

Инспиративна е примарната цел во јапонската култура преку создавањето на врски помеѓу луѓето и размената на добра. Градењето на одговорност за исполнувањето на социјалните обврски резултира со хармонија, ред и вложување во индивидуалниот развој на човекот. Тоа се вредности кои ме фасцинираат.