Без пауза

Датум: 24.08.2024 во 12 часот
Локација: Base42

Гејминг настанот кој сите го посакувате, но никогаш не сте можеле да го замислите се случува на 24 август во Base42 во организација на Јапан@мк

Во стилот на јапонската гејмерска култура подготвуваме еклектично гејмерско доживување во вид на гајминг клуб каде што ќе може да доживееме многу нешта одеднаш на едно место.

SPEEDRUN

Прв пат кај нас ќе гледаме СПИДРАН во живо и тоа на две тешки souls игри “Dark souls 1” и “Sekiro: Shadows die twice” со нашите спидранери Тод и Purple Empress.

РАЗВОЈ НА ИГРИ

Креаторите на долгоочекуваната игра Skopje '83 ќе ни го раскажат патешествието по кое може животот да те однесе ако си гејм дизајнер со голема страст, раскажувајќи ни ја својата приказна за креирањето на оваа игра во последните 7 години, а ќе имаме шанса и да го пробаме демото на играта.

ДРУЖЕЊЕ И ГЕЈМАЊЕ

Нашите пријатели Гоблин Друштвени Игри ќе промовираат нови игри за забава кои ќе можe да ги играме заедно, а оние расположени за гејмање ќе се забавуваат со Нинтендо свич игри.

КОЛЕКЦИОНЕРСТВО

Пасионираните колекционери ќе имаат свое катче за размена на колекционерски производи: постери, маички, играчки, фигури, манга и сл.

КОЦЕПТ ДИЗАЈН НА ИГРИ

Нашата уметница, гејмерка и пасионирана колекционерка Софија Шахпаска ќе ги презентира нејзините гејм концепт дизајни, колекционерски производи и ќе подготви специјални принтови, стикери, 3д принтани фигури и приврзоци. 

НАТПРЕВАР

Натпревар во фудбалче во парови ќе водат претставници на подмладокот на Japan@mk, а наградата за победниците е на Гоблин - друштвени игри. Линк до пријавата ќе имате на стори и во линктри.

КВИЗ

Ќе имаме и квиз за најголемите гејмери: „Погоди ја играта“ со идентификување на локации од различни игри.

ТЕМАТСКИ КОКТЕЛИ И СУШИ

А овој гејминг ден ќе се освежуваме со гејмерски коктели подготвени од Шортбас и Platform 0.10, каде што ќе завршиме на афтер. Исто така за храната на настанот се задолжени Lora's Sushi.

МИНИ БАЗАР

Ќе имате шанса да си набавите производи од Dolly’s Croshet Shop и Funkogram.

 

Голема благодарност до BASE42 за просторот и Qinshift Academy и КФЦ Македонија за поддршката на настанот.