ЗА НАС

ПОД

ЕДНО

СОНЦЕ

ЗА НАС

ПОД

ЕДНО

СОНЦЕ

ЕДИНСТВЕН ВО МАКЕДОНИЈА
ЦЕНТАР ЗА ЈАПОНСКА КУЛТУРА И РАЗМЕНА НА ЗНАЕЊА

ВМРЕЖУВАЊЕ


Поврзување на различни сегменти од населението со заеднички интереси низ различни сфери на иста тема - Јапонија.

ПРОМОЦИЈА


Презентирање на јапонската култура, начин на живот и историја на нашата домашна публика, истовремено претставувајќи го нашето културно богатство, знаење, вештини и таленти кои го нашле својот извор и инспирација во нешто географски далеку од овде.

ОБЕДИНУВАЊЕ


Градење заедница околу идејата да се стремиме кон подобро изразување, само-подобрување и еволуција.

ИСТОРИЈА


Јапан@мк се оформи како неформална група на љубители на јапонска култура во 2008 година. Идејата произлезе како продолжение од движењето за слободна култура на здружението „Слободен софтвер Македонија“. 

Почетоците на градење на заедницата се одвиваат во културниот центар Точка со презентации и проекции на јапонски филмови и аниме. Во соработка со „Самурај доџо“ се организираше и првиот Сакура фестивал на кој се презентираа боречки вештини (кендо, иаидо), хаику песни, калиграфија и јапонска флејта. Во тој период се организираа и изложби, церемонија на чај, презентации за јапонска научна фантастика и т.н. Најголема традиција постигна категоријата на настани наречена „Јапанорама“, кои во најголем дел презентираа аниме содржини. 

Заедницата тогаш комуницираше преку Google и Facebook групи.

  • 2008Колаборативен блог

    Уште од самиот почеток заедницата создаде колаборативен блог, на кој беа вклучени повеќе од 30 автори, создавајќи содржини поврзани со јапонска култура.
  • 2011Манганација

    Како посебен дел од заедницата се оформи сканлациска група за превод на манга на македонски јазик со име „Манганација“. Групата функционираше целосно онлајн и во период од помалку од една година издаде три различни наслови од кои две манги беа кратки приказни, а од серијалот „Добредојдовте во НХК“ се издадоа 19 глави.
  • 2020Дискорд сервер

    Беше креиран Дискорд сервер кој брои над 200 членови каде што заедницата продолжи да расте. Во рамки на серверот, особено за време на панедмијата, се организираа заеднички активности како гледање аниме, гејминг натпревари, онлајн друштвени игри, офлајн митапи, креативни натпревари. 
  • 2022-2023Нихон џи фестивали

    Организацијата се освежи со нови членови и го создаде првиот фестивал за јапонска култура „Нихон џи“ кој се одржа во Јавна соба на 28 мај.  Фестивалот постигна голем успех кај публиката со што на 27 мај 2023 се одржа второто издание на овој фестивал и беше уште поголем и попосетен. 
  • 2022+Настани

    Помеѓу двата фестивали беа организираа помали настани за проширување на заедницата и промовирање на јапонска култура. Косплеј забави, работилници и базари.
  • 2023+Нови содржини

    Во септември 2023 организацијата почна со редовно постирање на едукативни, информативни и забавни содржини поврзани со Јапонија и јапонското општество и култура на своите профили на социјалните медиуми.