Сакура

Атанас Ботев

Атанас Ботев е роден во Скопје. Дипломирал на ФЛУ во Скопје, 1997 отсек графика. Магистрирал на истиот факултет во 1999 год. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, детски илустрации, графички дизајн. Остварил десетина самостојни изложби и учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.

На фестивалот ќе се претстави со уметничко дело.

Што ве инспитира од јапонската култура?

Ме фасцинира се' што е поврзано со Јапонија и јапонската култура. Настрана цивилизациските придобивки и културни артефакти, тоа што најмногу ме плени е нивниот изразен етички кодекс присутен во сите сфери од животот, карактеристика која што полека исчезнува во западниот свет.