Сакура
Puzzle
Puzzle е тим на млади архитекти, основан во 2018 година. Тие се фокусираат на истражувачки пристап за креирање на одржливи и креативни архитектонски решенија со кои земаат учество на бројни архитектонски конкурси и проекти.
Овој тим се состои од Aделина Фејза, Сања Аврамоска, Валбона Фејза и Ирена Лазарев
На фестивалот ќе се претстават со конкурсно решение со кое учествуваа на концептуалниот архитектонски конкурс „Shinkenchiku“ во Јапонија. Конкурсното решение го истражува односот помеѓу природата и архитектурата, симбиозата помеѓу нив и концептот за интегрирање на станбената единица во метаболизмот на градот.
Што ве инспирира од јапонската култура?
Јапонската архитектура хармонично ги спојува природните елементи, користи материјали како дрво и хартија, но и ги интегрира внатрешните и надворешните простори создавајќи транспарентна архитектура поврзана со природата.