Сакура
Ирена Паскали
Ирена Паскали живее и работи во Келн, Германија. Дипломирала на Ликовна академија во Скопје, а магистрирала на Академијата за медијални уметности во Келн, Германија. Таа има реализирано бројни самостојни изложби и учество во бројни групни изложби од интернационален карактер. Добитничка е на интернационални резиденции и стипендии како и мноштво награди (во Јужна Кореа, Германија, Албанија,). Работи во повеќе уметнички медиуми, како видео, фотографија, цртеж и експериментален филм.
На фестивалот ќе се претстави со видео, фотографии и цртежи на јапонска хартија.
Што те инспирира од јапонската култура?
Најмногу ме воодушевува поврзаноста на традицијата (традиционалните методи во било која друга област како архитектура, мода, музика) со најновите технологии и достигнувања како во архитектурата, модата и дигиталната уметност. Голема инспирација ми е исто нивната работливост, издржливост, посветеност, почит кон други, точност и прецизност.
За делата
Еден од познатите и фреквентни премини за пешаци, би рекла и со светот, е познатата раскрсница премин за пешаци во Шибуја, Токио. Иако изгледа хаотично, брзо и динамично, сепак секој од преминувачите има одредена цел. Преминот наликува како една река од луѓе која тече. надојдува и полела се повлекува, и се тала во интервали се повторува.
На фотографиите се претставени мотиви од Шибуја, Токио каде со мојот личен пристап на изразување во фотографијата ги поменстувам границите на класичното прикажување на архитектурата и луѓето во еден град.
Цртежите се изработени со јајце пигмент јапонска хартија. Имав можност за прв пат да експериментирам со пигмент на јапонска хартија.