
КИБЕРПАНК: НАДЕЖТА Е РЕВОЛУЦИЈА
Датум: 10.05.2025 во 20 часот
Локација: Лабораториум
Влезница: 500 денари
🚨 СИСТЕМСКА ГРЕШКА: СЛОБОДАТА НЕ Е ПРОНАЈДЕНА
👁🗨 ID: #404_REBELLION_INITIATED
Ти си целта. Твоите податоци. Твоите мисли. Твојата иднина.
Добредојде во базата на отпорот КИБЕРПАНК: НАДЕЖТА Е РЕВОЛУЦИЈА
Тука ќе се споиш во заедништво. Тука ќе научиш КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕШ АПОКАЛИПСА.
🇺🇸Директно од Мајами ни доаѓа продуцентот и диџеј @zerosum - А неговата музика е силна, брза и непростлива. ZEROSUM создава тешко, високооктанско техно и бас инспирирани од бруталните, футуристички светови на мека, сајберпанк и научна фантастика. ZEROSUM е мајстор раскажувач со порака од иднината. Ќе го послушате ли неговото предупредување?
🎧Локално ќе биде поддржан од нашиот неподносливо шармантен диџеј NULL @nullandbeyod кој ќе го подготви теренот преку хармонија на контрасти од транс и техно создавајќи еуфорична поврзаност во рефлексијата на светот во кој живееме и создавајќи надеж за револуција.
🩸За соочување пак со мракот во кој живееме ќе го имаме младиот хардкор трапер LV$T @lvstxsdxqd , кој создава уникатна музика за нашите простори изразувајќи го личното незадоволство и фрустрација како одраз на нефункционалниот систем.
✊За искуството да биде поимерзивно ќе можеш да станеш дел од отпорот кој не спие, браусајќи и учејќи како да се заштитиш, организираш и бориш во дистопијата која ја живееме. Преку скевинџер хант и активистички хабови ќе научиш како да се спротивставиш на корпоративното лудило кое владее со светот денес.
🧑💻Хакери, еколози, биолози, активисти, психолози и уметници ќе споделат тактики, совети, и стратегии што ќе те вооружаат со знаење за преживување во овој дистописки свет.
Дали си спремен?
Те очекуваме!
Карти во претпродажба 500 ден, на врата 600.
Биди отпор, биди надеж, биди револуција!