Емануил Нанов - Null молскавично го освојува светот на андрграунд техно сцената

Емануил Нанов, познат како Null, создава волшебни изведби кои ја водат публиката на патување низ контрасти, вешто балансирајќи ја светлината и темнината, позитивното и негативното и интеракцијата на спротивностите во неговиот звук. Неговите техно сетови комбинираат асид и транс елементи со живописни мелодии, поместувајќи ги музичките граници и истражувајќи ги двојностите. Покрај неговите настапи, тој е активно вклучен во организирање на различни настани, од клубски забави до уметнички изложби во напуштени магацини, покажувајќи ја својата страст за создавање извонредни искуства во рамките на електронската музичка сцена.

Нул ќе има изведба на „Too Wicked To Handle“ на 31.10. За подобро да се запознаеме со него му поставивме неколку прашања. Целото интервју може да го прочитате на нашиот веб сајт.

Кога започна со музика?

Растев опкружен со музика – плочи, касети, инструменти – но моментот кога се запознав со миксетата на 1 април 2023 беше клучен. Сватив дека ова е мојот начин на изразување, што доведе до длабока страст и посветеност, а тоа конечно резултираше со мојот прв настап во Vicе во Струмица на 7 октомври 2023.

Од каде ти доаѓа името Null?

Името Null потекнува од мојот детски прекар, кој значи 0 или ништо. Тоа симболизира почеток на сè. Подлабокото значење е дека мојата енергија за живот произлегува од стремежот за хармонија помеѓу контрастите – позитивно и негативно, светло и темно, техно и транс.

Според тебе, каква е разликата во публиката меѓу Македонија и во странство?

Без оглед на местото, публиката во Македонија и во странство споделува исто основно чувство – желбата за поврзување преку музиката. И тука и таму, луѓето излегуваат за да танцуваат, да се запознаваат и да создаваат нови пријателства. Музиката ни овозможува да се поврземе, без оглед на нашите разлики.

Дали имаш некои други хобиња на надвор од музика?

Се сметам за едноставен човек. Слободното време го поминувам со блиски, прошетки во природа и експерименти во кујната.

Дали има нешто што те инспирира од јапонската култура?

Наоѓам инспирација во јапонскиот концепт Ikigai, што значи ‘причина за постоење’. Овој концепт ни помага да гиразбереме нашите страсти и таленти. Кога работиме на нешто што го сакаме, како што е создавањето музика, и сме добри во тоа, ние не само што се исполнуваме себеси, туку и придонесуваме за доброто на светот. Ако успееме да ги задоволиме потребите на општеството и да најдеме начин да заработуваме од нашите вештини, ќе го откриеме своето Ikigai. Со тоа, можеме да создадеме поубава и посреќна средина за сите.

Во што ќе се маскираш за Халувин забавата?

Не би сакал да откривам премногу, но планирам да бидам еден од членовите на Акацуки.