Чејс Караевски - Изработува костими од 12 години
Во месецот на нашата голема Халувин забава решивме да направиме интервју со уште една наша косплеерска ѕвезда Чејс, кој се занимавам со косплеј повеќе од 6 години.
Моментално е 4та година на Мултимедија во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и се занимавам со сите видови на уметност. Во слободно време чита книги и графички новели, гледа серии и патува. Исто така e колекционер на Lego и „Monster high“.
Заинтригирани од тоа што на толку рана возраст започна да прави косплеј му поставивме неколку прашања:
Кога прв пат почна да косплејаш и како дојде до тоа?
Од дете јас си ги правев костимите за 1ви април пошто не можев да најдам готови костими од тие ликови што ги сакав. Во 2018 се пријавив првпат на „Gamefest“ како Локи, и од тогаш почнав редовно да се натпреварувам и да го правам ова редовно!
Колку време ти одзема да спремиш еден костим?
Зависи од видот на костим, но во просек за „full armor“ ми требаат околу 400 саати.
Колку често правиш?
Додека бев основно правев по 5-10 костими годишно, но последниве години имам време само за еден комплициран костим годишно, плус нарачки :)
Со што се занимаваш друго во животот?
Цртам, правам филмчињa со другари, волонтирам на фестивали и патувам!
Дали може некој да ти се обрати да му направиш костим?
Секако! Пратете ми порака и ќе се договориме :)
Дали планираш да направиш косплеј за аниме, освен за игри?
Во минатото имам направено костими од BNHA, но лично отсекогаш повеќе ме влечеле западни цртани како The owl house и Gravity falls!
Дали спремаш некој костим за Халувин?
Не. Откога почнав косплеј, 1ви април и Halloween ми се денови како и секој друг, па најчесто само си правам SFX шминка и гледам Tim Burton филмчиња.