JapanX42
Датум: 04.07.2024 во 19 часот
Локација: Base42
Дали сте спремни за летно освежување?
Јапан@мк заедно со Base42 ви подготвуваат вистинска дружба на заедницата.
Се разбира ќе имаме ептен шик базар со:
-Kawaii styling парчиња и накит на factorygirl-Dark goth чокери и unisex ланчиња на chaotic.dolls-Урбана облека во уличен стил со јапонски и македонски брендови на platform_0.10-Маички со аниме апликации и други аниме додатоци на animestore.mk-Домашна лимонада и торбички брендирани со Сакура фестивал подготвени од Јапан@mk за поддршка на нашите настани.
Со почеток од 19:30 ќе го гледаме анимето што го избра заедницата „Тунелот до летото и излезот на збогувањата“ а потоа малку ќе дискутираме за филмот. На крај ќе заокружиме со караоке на јапонска музика, а може и нешто странско.