Сакура

Дивна Пенчиќ

Дивна Пенчиќ е архитект која работи како професор на Архитектонскиот факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на предмети од областа на урбанизмот. Нејзина потесна експертиза е одржливиот урбан развој, а во последните години работи на истражувања и проекти поврзани со темите отпорни градови и справување со климатските промени, зелена инфраструктура, јавни простори и сл.

Дивна на фестивалот ќе го пренесе своето искуство од посетата на Токио и Кјото, како градови со големи контрасти. Таа е фасцинирана од градските паркови и култот на јапонската култура кон зачувување и негување на природата во самите градови. Контрастот на огромни и пренаселени урбан агломерации, со фрагменти од стари и нови градби, ниски и високи објекти и огромни паркови, е она што смета дека е исклучително и единствено за јапонските градови.