Сакура
Luna Aditeya
Катерина Димитровска се претставувам како дизајнер и основач на брендот Luna Aditeya.
Таа има 26 години и дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, а сега е на постдипломски студии за Текстилна хемиска технологија и екологија. Со дизајн и уметност се занимава откако знае за себе, а инженерството го гледа како алатка за создавање на подобар дизајн.
Кратко за брендот:
Мотото на брендот е ,,елеганцијата на андерграундот", што значи дека носејќи ја нашата облека, ја имаш таа самодоверба да постигнуваш голем успех во корпоративниот свет, негувајќи го на себе својот уникатен стил.
„Сѐ започна во 2015, кога имав 17 години со цртање на маици. Со текот на времето, асортиманот се прошири на јакни, чизми, фармерки, а понатака и на целосна изработка на облека. Се работи најчесто со рециклирање на материјали или преработка на постоечка облека.„
Што те инспирира од јапонска култура?
Јапонската култура ме инспирира со нивните принципи за екологија, јапонските кукли, како и историската и модерната улична мода, кои што отсекогаш биле иновативни и вредни за анализа, секоја на свој начин.