Сакура

Лука Јанкулоски

Лука Јанкулоски е млад композитор и пијанист, студент на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Се занимава со филмска и театарска музика.

На фестивалот Сакура ќе се претстави со авторска музика.

Што те инспирира од јапонската култура?

Јапонската култура ме инспирира во целост, но пред се класичната музика. Јапонската музика плени со нејзината едноставност, исполнета со суптилни нијанси на бои коишто на композициите им даваат големо звучно богатство.