Сакура
Чие Нагашима
Чие Нагашима е професорка по јапонски јазик. Сака да предава јапонски и да ја шири јапонската култура во Скопје. Благодарение на многу убави луѓе, може да остане тука.
На фестивалот ќе се претстави со презентација/работилница за гласовно глумење каде што ќе ја покаже разликата во начинот на зборување меѓу машките и женските ликови од „Напад на Титаните“, „Убиец на демони“ и „Твоето име“. Во овој потфат ќе и се придружат младите македонски актери: Ирена Димеска и Мартин Мазнев.