Сакура

Јована Зајкова

Јована е современ танчар и кореограф. Работи како независен уметник и инструктор по движење за деца и возрасни.

На фестивалот ќе се претстави со современ танцов перформанс инспириран од буто (butoh) - форма на Јапонски танцов театар.

Што те инспирира од јапонската култура?

Отсекогаш ме фасцинирала јапонската култура поради вниманието кое го посветува на деталите во речиси секој аспект на животот. Имам впечаток дека естетиката која ја негува, иако базирана на минимализам, во себе содржи хармонија помеѓу умот, телото и природата на начин на кој не ги спротиставува убавото и грдото, туку ги претставува како подеднакво важни аспекти на човековото доживување.