Сакура

Ертунч Сали

На фестивалот ќе се претстави со изложба на графики.

По завршувањето на својата високошколска едукација на ФЛУ во Скопје како графичар и графички дизајнер, тој продолжува да е активен на културната сцена како организатор на настани, сликар, дизајнер и еден период како музичар. Сали своето делување го продолжува во Скопје со екпериментирање на различни штампачки техники меѓу кои се кујнска алуграфија, гелопринт, сито печат, линорез, итн.

Што те инспирира од јапонската култура?

Најчесто аниме цртаните!
Но мангата не можам да ја заборавам. Креативноста и естетиката изразено преку манга е повлијателна и инспиративна од аниме цртаните, кои најчесто ги гледам како "џвакан и сервиран материјал".
Додека читам ми останува доволно време да ја анализирам и звуци да измислувам. Секако како графичар нема шанси да испаднам сликар и да ја отскокнам најдоброто од јапонската култура, а тоа се дрворезите. Аххх тие дрворези и тоа мајсторство, па и лиричност во целото творештво. Не можам да ја кријам восхитеноста од таа култура.

За делата

Во 2020-та година, во еден од карантинските денови, барајќи на интернет нешто интересно, наидов на вест - со голем наслов - "PERSEVERANCE E НА МАРС!". Што е perseverance? Зашто е ба Нарс? НАСА или Елон Маск? Дали не лажат? Чекај, овој Perseverance што е? Тоа значи упорност, но што е упорното? PERSEVERANCE после CURIOSITY?

"Невозможно е мозокот да ја прифати големината на космосот, да ја разбере вселената со својата природа и да ја набљудува еволуцијата со целосна бистрост, меѓутоа нашата љубопитност е преродбеникот на нашето разбирање" беше најчеста реченица што се повторуваше на повеќе портали, кои ми служеа за инспирација, и тоа ми беше доволно! Најдов нешто што ќе ме возбудува, ќе ме тера да истражувам, да се информирам, па да цртам. Big bang-от на секој уметник е различен, па и мојот. Коќе пукне, можностите што ги нуди во создавање визии и идеи се бескрајни. Од друга страна вселената е бескрајна и инспирацијата е насекаде. Сѐ што треба да се направи е да се погледне нагоре, во белите точки на црниот чаршаф што виси над нас, кој е водач во темнината, поврзување во самотијата, желбата во ништожноста. И јас тоа го направив. Можеби не зјапав во небото секоја вечер/ноќ, Скопје е обласно најчесто, но можностите неги избегнав. Со секој поглед нагоре, јасни стануваа сликите. Јасни ми беа карактерите, преку кои ќе го искажам мирот добиен од универзумот. Сепак симболично, и пресѐ лирични.

Серијата „Look Up!“ е составена од 20 графики кои се изработени во техника линорез. Повеќето од графиките се комбинирани со други техники кои се неконвенционални за графиката. Мојот обид за кршење на правилата во графикатамоќе да ги приметите во комбинацијата на класична и улична техника. Вакваапракса за традиционалните графичари е бласфемија, херетизам, но за отворените умови е една нова игра. Сепак резултатите - испечатените графики - не се на истата страна со традиционалистите, туку тие нудат нова визија. Тоа е суштината на "Look Up!".