Сакура
Горазд Наневски
Горазд е гитарист, продуцент и композитор роден во Скопје во 2005год. Зад себе има издадено едно EP под наслов "kaizen", како и еден сингл - "Ronin", дел од албумот "Yugen". Неговата музика е жанровска мешавина на елементи од progressive, djent и амбиенталниот израз.
На фестивалот Горазд, заедно со неговиот бенд, за прв пат во живо ќе ги свири песните од неговото дебитантно ЕP - kaizen, како и новите синглови од албумот "Yugen", кој ќе биде достапен до крајот на 2024год.
Од јапонската култура, најмногу го инспирира нивниот комплексен јазик и терминологија, кој содржи посебни зборови за најразлични принципи, состојби и филозофии, кои за него се многу фасцинантни. Токму затоа, некои од овие зборови се наоѓаат како инспирација и наслов на неговата музика.