Ивана Секуловска го носи Хараџуку стилот во Македонија
Ивана Секулоска е млада графичка дизајнерка. Нејзините флуидни интереси се движат во различни полиња на ументоста и дизајнот. Позади себе го има колаборативниот проект Volatile, улога на костимограф на неколку независни театарски проекти и на нас позната како Factory girl - нејзината е платформа за рачно изработен накит започната во 2017та година.
Што најмногу ти се допаѓа кај јапонската улична мода?
Кај јапонската улична мода ми се допаѓа синкретизмот на традиционалното и современото. Еклектичноста од различните стилови, субкултури и временски епохи со цел да се изрази индивидуалноста на поединците. Исто така недостатокот на страв од експериментирање изразен преку начинот на кој ги стилизираат парчињата облека, campy аксесоари и ексресивната шминка и коса.
Кога почна со дизајн?
Со дизајн започнав во 2016та година, прво со изработка на креации за групни и завршни изложби, и секако со изработување на облека за себе. Прв комерцијален проект ми беше колаборативна капсулна колекција на парчиња накит "bizarre", во која мои авторски графики и илустрации беа инкорпорирани во парчиња накит.
Работам како костимограф на неколку независни театарски проекти, и активно изработувам нови колекции рачно изработен накит кој го представувам преку FACTORY GIRL.
За кого дизајнираш и каде можат да се набават твоите аксесоари?
Моите дизајни се унисекс, смели и со став (statement). Дизајнирам лимитирани парчиња накит, со цел да се зачува автентичноста на истиот, за клиенти кои стилот го третираат како медиум за експресија. Достапни се за нарачка преку социјалните мрежи Instagram и ТikTok додека физички можат да се набават во винтиџ продавницата Игралиште.