Комплексното оригами на Кирил Петровски

Една од најинтересните содржини на Нихон џи 2 беше изложбата на комплексно оригами на Кирил Петровски.
Кирил ни доаѓа од Битола и е medical biller во taskforce. Тој има и други интереси како фитнес, аниме, гејминг, психологија...но една од најголемите негови пасии е комплексното оригами.

Го запрашавме како дозна за тоа и како започна на што ни одговори:

„Почнав првпат кога имав 12 години случајно на You Tube ми излезе туторијал за shuriken многу се инспорирав кога го направив и сакав да видам што се друго можам да изработам од хартија. Тука ми се јави огромен интерес за оригами“.

Кирил ја планира следната изложба на следниот фестивал за јапонска култура, а може доколку се појави некоја друга опција да го видиме и порано.

Доколку има заинтересирани за стекнување на вештината за креирање комплексно оригами, Кирил е отворен и за држење на приватни часови и може слободно да го контактирате на неговиот инстаграм профил.

Во меѓувреме уживајте во неговите креации на сликите